Родителите на загинатите во пожарот во Кочани почнаа со давање искази

Од денеска родителите на 62. загинати во пожарот во т.н. дискотека во Кочани почнаа со давање на искази.

Исказите ќе ги даваат во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје.

Како што информираа од Основното јавно обвинителство, преку исказите тие ќе можат и да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон, а исто така ќе се информираат детално за истрагата, која треба да заврши до средината на следниот месец.

Исказите родителите ќе ги даваат поединечно и ќе можат да предложат и сведоци.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести