Македонија ќе ги укине царините за стоки од САД

Македонија ќе ги укине царините за стоки од САД. Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа кој поминал на седница на Владата, ја содржи и таа одлука.

Детали за тоа денеска на прес-конференција соопшти министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска.

– САД се стратешки партнери на нашата земја и соработката со нив е значајна од секој аспект поради што Владата e пoдготвена да го прошири и продлабочи блиското партнерство помеѓу двете земји што се заснова на заеднички цели, интереси и вредности и да воспостави трајна соработка врз основа на заемен интерес.

Приоритет на оваа Влада е да креираме политики со кои ќе создадеме поволно и предвидливо бизнис окружување за сите компании, вклучително и за домашните и странските компании и на таков начин да изградиме силна економија, рече таа и посочи дека по овој потег се очекува и САД реципрочно да возвратат и да бидат укинати царините за македонските производи.

Таа нема прецизни информации кога и дали САД ќе возвратат на ист начин, иако таков потег се очекувал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести