Колку ќе изгуби македонскиот буџет од укинувањето на царините за САД?

Од следниот месец Македонија ги укинува царините за стоки од САД. Истото е предвидено со Предлог- законот за измени и дополнување на Законот за царинска тарифа.

Земјава очекува САД да возврати на ист начин, но засега нема прецизна информација дали тоа ќе се случи и кога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе ги укине царините за стоки од САД

Како што објасни вчера министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, македонскиот буџет со оваа одлука ќе изгуби околу 3,7 милиони евра.

Оваа следи откако претходно во април САД воведе царини за Македонија од 33%.

Колку изнесува увозот од САД во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната трговска размена на Македонија со САД лани изнесувала околу 314 милиони долари, а претходната година 320,7 милиони долари.

Извозот од Македонија во САД лани бил 118,2 милиони долари, а во 2023 година 53,6 милиони долари.

Од Македонија во САД најмногу се извезувале машини и транспортни уреди, храна, пијалоци и тутун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалуваат царините за 67 стоки, 2 милиони евра помалку за македонскиот буџет

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести