Од Макстил АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Собранието на акционери донело Одлука за измена и дополнување на Статутот на Друштвото и усвоило Пречистен текст на Статутот, со кои, меѓу другото, се утврдува дека Друштвото има еден извршен член на Одборот на директори (ОД).
Врз основа на оваа Одлука, Одборот на директори одлучил Луис Кристиан Карстенс, кој ја извршуваше функцијата извршен член на ОД и директор на Економика, да се разреши од оваа функцијата заклучно со 30.05.2025 година и почнувајќи од 31.05.2025 година тој продолжува да ja врши функцијата неизвршен член на ОД, до истекот на неговиот мандат.
Марија Дуковска-Павловска ќе продолжи да ја извршува функцијата извршен член на ОД во својство на генерален директор се до истекот на нејзиниот мандат.