Известувач од Анталија за еМагазин.мк, Силвана Жежова
Една од најпродаваните екскурзии на Фибула во Анталија е рафтингот. Истиот се нуди посебно, но и во понудата 50 shades, во којa е вклучено џип сафари и зип лајн. Достапен е за сите кои се сместени во хотелите во Кемер, Белек, Сиде, Алања.
Годинава, имавме можност да го посетиме кањонот Тази, а оваа тура се нуди и на кањонот Копрулу.
Неповторливо доживување, бидејќи возењето по реката е околу еден час, а истата е долга 12 километри. Опкружени сте со прекрасна природа, тиркизна боја, места за одмор, места за „борба“ со силните и брзи води кои возењето го прават уште повозбудливо.
Убавината е и во тоа што низ реката има бројни чамци, кои додека движите создаваат убава глетка, додека над вас во височина поминува друг авантурист возејќи се на зиплајн.
Турата е одлична можност за мало бегство од хотелското секојдневи и излежување по плажите. Овде, природата си го направила своето, па температурата е за неколку степени пониска од останатите места. Свежината на воздухот, е уште една причина за да се избега малку од топлото.
Додека се стигне до моментот за влегување во чамците за рафтинг, се поминува низ точки кои нудат прекрасни видиковци, од кои ви се одзема здивот за креациите на мајката природа.
За оваа тура подетални информации може да најдете кај водичите во хотелите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Во хотелите Сиде се чувствувате добродејдено, поради гостопримливоста на домаќините
(Галерија) Што се нуди во Кемер, за претстојната туристичка сезона
(Галерија) Луксузот на хотелите во Белек, го надминува поимот ultra all inclusive