Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски и претседател на владејачката ЗНАМ, ќе се кандидира за трет мандат за градоначалник на Општината.
Денеска од неговата партија потврдија дека Димитриевски ќе биде нивни кандидат за градоначалничкото место.
-Она што можам да го потврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски, изјави денеска претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ, министерот за правда, Игор Филков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горан Герасимовски и Томе Христовски, кандидати за градоначалници на СДСМ
Познати 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, еве кои се
Фото: Фејсбук/Димитриевски