(Фото) Сиљановска Давкова на „гости“ кај Макрон

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на конференција на Обединетите Нации за океанот, чиј што домаќин е францускиот претседател Емануел Макрон.

„Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде основа за превенирање на далекусежни последици по иднината на светот.

Заедно со голем број светски лидери, меѓу кои и претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, разговаравме за потребата од склучување мир со природата, како еден од главните предуслови за благосостојба на човештвото.

Му благодарам на претседателот Макрон за одличниот прием по повод третата конференција на Обединетите Нации за океанот,“ напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести