Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени.
Од таму препорачуваат при појава на громови и невреме, да се избегнува престој на отворено, особено под осамени дрвја или во близина на метални конструкции.
Фото: Unsplash