Девојка на возраст од 24 години вчера е пронајдена почината во казино во хотел во скопски Центар.
Се работи за Г.Ј. од Охрид, која како што информираа од Секторот за внатрешни работи Скопје била вработена во казиното.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Нејзиното тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш