(Видео) Иран ја проби „железната купола“ на Израел во одмазничкиот противнапад

Како и што најави, Иран со ракетни напади возврати на вчерашниот напад на Израел.

Земјата синоќа лансираше стотина балистички проектили и го проби израелски противвоздушен систем „железна купола“, погодувајќи цели околу и во Тел Авив, Еурусалим и централниот дел на Израел.

Во нападот загинаа најмалку три лица, а има и дестици повредени.

Во вчерашниот израелски напад на Иран загинаа најмалку 78 лица, меѓу кои и високи воени лица и ирански нуклеарни научници. Ранети се најмалку 320 лица.

Израел продолжи со нападите и денеска, а исто го најави и Иран.

Светот е пред нова војна, која сериозно може да го погоди овој регион, но и да има последици насекаде. Цената на нафтата веќе почна да расте.

Бројни светски лидери го осудија нападот на Израел.

САД прво тврдеше дека нема врска со новата ескалација во регионот, но потоа призна дека му помогнал на Израел во пресретнувањето на иранските проектили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фото:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести