Со обвинението за пожарот во т.н. дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани се опфатени и тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани
Станува збор за Љупчо Папазов, кој беше градоначалник до трагедијата, по што си поднесе оставка, под притисок на јавноста, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, неговиот претходник Николчо Илијев од опозициската СДСМ и Ратко Димитровски, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие според Основното јавно обвинителство се обвинети бидејќи никогаш не ги известиле Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија дека т.н. дискотека/клуб работи со неправилности и не ги исполнува условите за работа, ниту пак наредиле надзор или контрола, а примале месечно 2.000 евра на општинската сметка.
еМагазин разгледа каков имот пријавил Папазов кога станал градоначалник, според податоци на mkopen.org.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите обвинети градоначалници за пожарот во Кочани бизнисмени
Каков имот пријавил
Како заеднички имот пријавил деловен простор во Кочани од 154 метри квадратни, на име на сопругата пријавил куќа и земјиште во Кочани од наследство, како и стан во Кочани.
На негово име пријавил куќа и земјиште во Кочани.
Вози Шевролет.
Како заеднички имот пријавил и друштво за ограничена одговорност – ДОО “Флакда“, а на име на децата друго друштво ДООЕЛ “Фламинго“.
На име на децата и сопругата пријавил и кредити, кои според податоците кои ги дал се уште се враќаат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запрена постапката за Панчо од ДНК за пожарот во Кочани
Кои поранешни министри се обвинети, а кои не за пожарот во Кочани
Фото: Фејсбук/Папазов