Меѓу 34. обвинети за трагедијата во т.н. дискотека во Кочани се и тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани
Едниот од нив е Николчо Илијев од опозициската СДСМ, претходникот на Љупчо Папазов, кој беше градоначалник до трагедијата, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој е исто така обвинет, како и уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Ратко Димитровски.
Според Основното јавно обвинителство тие се обвинети бидејќи никогаш не ги известиле Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија дека т.н. дискотека работи со неправилности и не ги исполнува условите за работа.
Тие исто така ниту пак наредиле надзор или контрола, а примале месечно 2.000 евра на општинската сметка.
еМагазин разгледа што пријавил како имот Илијев, според податоци на open.org, во 2017 година, кога станал градоначалник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите обвинети градоначалници за пожарот во Кочани бизнисмени
Каков имот пријавил
На име на децата пријавил куќа од наследство во Кочани.
На нивно име пријавил и градежно земјиште во Јастребник и Полаки.
На свое име исто така пријавил градежно земјиште во Полаки, каде има и куќа за одмор, како и куќа за одмор во Грција и куќа во Кочани.
Во Кочани на свое име има и стан, како и два во Центар.
На свое име пријавил и хартии од вредност.
Според податоците кои ги дал тогаш, има долга листа на банкарски денарски и девизни депозити на свое, на име на сопругата и на децата. Истата можете да ја видете ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил поранешниот градоначалник Папазов, кој е обвинет за пожарот во Кочани
Запрена постапката за Панчо од ДНК за пожарот во Кочани
Кои поранешни министри се обвинети, а кои не за пожарот во Кочани
Фото: Фејсбук/Илијев