Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, одбраната ќе почне со завршните зборови

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

На денешното рочиште одбраната на обвинетите треба да почне со завршните зборови.

Обвинети се Љупчо Палевски Палчо, кој е првообвинет, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.

Сите се изјаснија за невини.

Ѓорчевска и Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември, а на 3. декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доживотна казна затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев, а за таткото на Ѓорчевска, соодветна затворска казна, побара Обвинителството

Мајката на Вања и ќерките на Панче побараа отштета и доживотен затвор за обвинетите

Познато кое време биле убиени Вања и Панче, таткото на Ѓорчевска остана во обвинението

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести