Пресудата за убиствата на Вања и Панче на 25. јуни, што кажаа обвинетите во завршните зборови

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски, обвинетите, освен Боре Видевски, ги дадоа своите завршни зборови, откако на претходното тоа го направија нивните бранители.

Пресудата ќе биде соопштена на 25. јуни, следната недела.

Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо меѓудругото рече дека не учестувал во грабнувањето и убиството на Ѓорчевска и Жежовски, а според него организатор на истите е обвинетиот Велибор Манев, пукал Видевски, а за Влатко Кешишев рече дека стражарел за време на двете убиства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ослободителна пресуда за Палевски побара неговиот бранител

– Одбивањето да се бара пиштолот на Боре е доказ дека процесот нема врска со правдата, туку е политички. Манев е организатор, Кешишев е стражар, а Видевски е пукач. Докажав дека на 21 и на 22. ноември сум во Скопје, дека на 27. ноември сум во штабот, „реното кангу“ не било на местото Дупки, рече тој меѓудругото.

За таткото на Ѓорчевска, обвинетиот Александар Ѓорчевски пак рече дека бил “подготвен за втората фаза, за уцена“, па затоа бил измислен како негов помагач.

Ѓорчевски, пак упати само едно прашање до Палевски – зошто е убиена неговата ќерка.

– Во текот на процесот, цело време мижам, но внимателно го слушам секој збор. Сега, како што се приближи процесот кон крај, имам чувство на непотполност во поглед на вистината, која очекував да ја дознам, рече тој меѓудругото.

Кешишев пак изрази длабоко каење што бил дел од оваа група.

– Многу се каам што бев со нив, тие испланираа сѐ сами и завршија сами. Ми беше кажано да не се мешам и да стојам настрана, рече тој, посочувајќи дека бил со групата за време на двете убиства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манев го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе ранецот каде бил пиштолот, користен за убиствата на Вања и Панче

Уапсено лицето вработено во Народна банка, за кое Манев сведочеше дека го зел ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести