77-годишна жена од Македонија се удавила на плажата Метаморфози во Ситонија

Вчера попладне било извлечено тело во бесознание на плажата Метаморфози во Ситонија, Грција, а според пишувањето на српските медиуми, станува збор за 77-годишна жена од Македонија.

Случајот бил пријавен во полицијата во Неа Мармарас.

Истиот ден и 73-годишен Србин бил пронајден во бесознание во водите на морето кај Полихроно, по што, лекарите во Здравствениот центар Касандра констатирале смрт.

Грчката полиција ги истражува овие две засебни несреќи, кои се случиле во ист ден.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести