Утре од Израел ќе се евакуираат мајка и три деца

Утре од Израел ќе бидат евакуирани нови македонски државјани – мајка и три деца, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР).

Од таму велат дека местата се обезбедени преку израелското Министерството за транспорт, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел.

Летот е планиран од Тел Авив до Атина, Грција.

Од 17. јуни досега од Израел помош за евакуација побарале 25 лица, државјани на Македонија.

-Меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш. Се очекува следните денови дополнителен број на наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел, велат од МНР.

Граѓаните можат да се обратат на следните СОС броеви:

+389 75 273 732 / ‪+389 75 268 736.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако продолжи војната помеѓу Израел и Иран, инфлацијата ќе не дотепа

Војната помеѓу Израел и Иран ќе удри и по нашиот џеб, цената на нафтата почна да расте

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести