Од американската влада информираа дека американскиот претседател Доналд Трамп ја потпишал одлуката за Западен Балкан со која се продолжуваат за една година вонредните мерки што поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш ги донесе пред 16 години.
Одлуката меѓудругото вклучува и објавување на т.н. црни листи на лица, организации, компании од Западен Балкан, кои ги загрозуваат интересите на САД, а за првпат е донесена во јуни 2001 година.
Ставањето на т.н. црна листа предвидува голем број правни последици, вклучувајќи блокирање средства, забрана за влез во САД и финансиски трансакции.
Листата ја објавува Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), која работи во рамките на Министерството за финансии на САД.
Од Македонија последен на т.н. црна листа лани заврши поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој е во бегство откако беше осомничен за злоупотреби во Државна лотарија.
На листата е ставено и неговото семејство, а заедно со нив на истата заврши и судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети.
Груби и Беџети се на листата поради примање поткуп за влијание врз судските случаи кои се воделе против поранешниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој исто така од порано е на т.н. црна листа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегалецот Артан Груби се крие во Албанија?
Мајката на Артан Груби го брани, го гонеле како во комунизмот
Фото: Унсплеш