На продажба станови на Груевски, на колку се проценети?

Становите на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега од Македонија и стана азилант во Унгарија, за кои судот утврди дека се во негова сопственост, а беа конфискувани за случајот „Плацеви на Водно“, одат на продажба.

Истите ги продава Aгенцијата за управување со одземен имот која објави оглас за продавање на пет стана

Јавното наддавање е закажано за 15 и 16. јули.

Што се продава?

Се продаваат три станови во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, на улицата „Салвадоре Аљенде“, со вкупна површина од 750 метри квадратни и вкупна проценета вредност од повеќе од 2,4 милиони евра.

Станува збор за станови од 155 метри квадратни и 95 метри квадратни балкон, од 199 метри квадратни и 48 метри квадратни балкон и стан од 200 метри квадратни со 48 метри квадратни балкон.

Се продаваат и становите во зградата каде што Груевски живееше, во Општина Кисела Вода. Едниот стан има површина од 57 метри квадратни и е понуден по цена од 63.000 евра, а вториот од 38 метри квадратни се продава за 44.000 евра.

Проценката на цената на становите е направена од Министерството за правда и Бирото за процени.

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести