(Видео) Масовен протест во Белград со ициденти, повредени и уапсени

Синоќа во Белград во организација на студентите се одржа масовен протест наречен „Се гледаме на Видовден“ на кој учествуваа дестици илјади граѓани.

Протестот помина мирно додека студентите не прогласија крај, по што се повлекоа. Потоа група маскирани лица влезе во судир со полицијата, која употреби и солзавец, а по улиците останаа и илјадници граѓани, кои полицијата насилно почна да ги растерува.

Српските медиуми јавуваат и за повредени и уапсени.

Паралелно пред српската Влада поддржувачи на владата пак одржа „литературна вечер“.

Протестите на студентите траат лани од ноември, кога во Нови Сад се случи несреќата на тамошната Железничка станица, во која загинаа 16 лица, меѓу кои и македонски професор.

Фото: Унсплеш/видео: Х/ТВ N1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести