27-годишна девојка пронајдена почината на брегот на Дебарското Езеро

Девојка на возраст од 27 години вчера е пронајдена почината на околу два метри од брегот на Дебарското Езеро, во близина на пумпната станица – Дебар.

Станува збор за С.А. од Дебар, а како што информираа од ОВР Дебар, лекар од Општата болница во Дебар, констатирал смрт без траги на насилство.

Нејзиното тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести