Утре и задутре во Скопје лидерска средба ЕУ-Западен Балкан

Утре и задутре во Скопје ќе се одржи лидерска средба Европска унија (ЕУ) – Западен Балкан.

Во Македонија доаѓа еврокомесарката за проширување, Марта Кос, како и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Главната тема ќе биде Планот на ЕУ за раст за регионот.

Планот за раст на Западниот Балкан го промовираше Европската комисија во октомври 2023 година. Истиот има за цел да го поттикне економскиот раст на регионот и да им помогне на западнобалканските земји да се приклучат кон ЕУ.

Тој предвидува средства од шест милијарди евра за финансирање на реформи и инвестиции во области, како што се енергетиката, транспортот и дигиталната трансформација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради лидерската ЕУ – Западен Балкан, посебен сообраќаен режим утре и задутре во Скопје

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести