Полицијата спаси четири лица откако во Охридско Езеро им се скрши дел од едрилицата

Полицајци вчера спасија четири лица, кои заглавиле во водите на Охридското Езеро, откако им се скршил дел од едрилицата.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), тие биле спасени на околу 2.5 километри од брегот на езерото наспроти авто кампот „Извиднички“.

Безбедно била извлечена и едрилицата на која и се скршил дел поради силен ветар и бранови, поради што истата неможела да се управува.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести