Во Скопје за лидерската средба Европска унија (ЕУ) – Западен Балкан, денеска пристигна еврокомесарката за проширување, Марта Кос, која беше пречекана од македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.



Лидерската се одржува денеска и утре, а неа освен македонските преставници ќе бидат присутнии лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
Главната тема ќе биде Планот на ЕУ за раст за регионот.
Планот за раст на Западниот Балкан го промовираше Европската комисија во октомври 2023 година. Истиот има за цел да го поттикне економскиот раст на регионот и да им помогне на западнобалканските земји да се приклучат кон ЕУ.
Тој предвидува средства од шест милијарди евра за финансирање на реформи и инвестиции во области, како што се енергетиката, транспортот и дигиталната трансформација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради лидерската ЕУ – Западен Балкан, посебен сообраќаен режим утре и задутре во Скопје
Фото: МНР