Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival, кој веќе осум години нуди врвна филмска програма на повеќе локации долж охридското крајбрежје, оваа година вклучува и летно загревање пред да започне официјалната програма.
Селекцијата Земја во фокус оваа година ја претставува Германија. Во соработка со Гете-институт Скопје, публиката ќе има можност да погледне седум современи германски филма. Секоја вечер од 2 до 6. јули, со почеток од 20:30 часот, ќе се прикажуваат внимателно избраните филмови, секој од нив уникатен и забавен на свој начин.
Во среда (2. јули) ќе се прикаже „Два спрема еден“ („Zwei zu eins“), во четврток (3. јули) „Френки со пет ѕвезди“ („Franky Five Star“); петок (4. јули) „Јоња“ („Jonja“) и „Утре некаде покрај море“ („Morgen irgendwo am Meer“); – сабота (5. јули) „Пливање“ („Schwimmen’) и „Надвор од мојата кожа“ („Aus Meiner Haut“), недела (6. јули) – „Обичните“ („Die Gewöhnlichen“).
„Ова е одлична можност за сите љубители на европската кинематографија да се воведат во фестивалската магија што следи. Под отворено небо, со свежо ветре покрај езерото, нема подобар начин да се пројдат топлите јулски вечери.
Затоа, ве покануваме да си ги резервирате вечерите од 2 до 6. јули. Викнете си го друштвото или партнерот, или пак поминете време со себеси уживајќи во германски филм на Beach Film Festival Ohrid,“ велат организаторите.