40-годишен маж од струмичко пронајден починат на паркинг во Скопје

Маж на возраст од 40 години вчера е пронајден починат на паркинг во скопски Центар.

Станува збор за С.А. од струмичкото село Банско, а од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, информираа дека од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести