Нокаут имаат нова песна – „Никој освен тебе“

Македонски бенд Нокаут објави нова песна – „Никој освен тебе“.

Автор на музиката, текстот и аранжманот се на фронтменот на групата, Никола Перевски – Пере.

Песната е снимена во студиото „НК Продукција“ во Скопје, а Дарко Димитров се погрижи за миксот, постпродукцијата и мастерингот.

Видеозаписот е во режија на Стефан Рајхл.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести