Еврокомесарката Марта Кос немаше лоша намера, но кога се зборува за чувствителни прашања треба да се внимава во изјавите, велат од СДСМ

Од опозициската СДСМ сметаат дека со вчерашната изјава еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која за пример за македонскиот идентитет посочи јадења од македонската кујна, (кои се всушност медитерантски), немала лоша намера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вашиот идентитет се погачата, тавче гравчето, пинџурот, полнетите пиперки, манастирите и тоа никој неможе да Ви го одземе, порача еврокомесарката Кос од Скопје

Ама апелираат кога се зборува за чувствителни теми и прашања да се биде внимателен во изјавите.

Од партијата очекуваат таа да го истакне она што Европската Унија самата го имала потврдено во сите документи и сите договори – дека македонскиот јазик и идентитет се целосно признати од Унијата, посочуваат од таму.

-Како јазикот, така и идентитетот се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нашиот идентитет е и јазикот што го зборувале нашите баби и дедовци и никој нема право да го оспори тоа, вели Муцунски за изјавата на еврокомесарката Кос

Лавина од реакции за изјавата на Марта Кос за македонскиот идентитет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести