42-годишник силувал 77-годишна жена во радовишко

Mаж на возраст од 42 години од радовишко силувал 77-годишна жена, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С. (42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.

Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор,“ велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести