Каков имот пријавила Даниела Димовска, која е избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Даниела Димовска од страна на Судскиот совет беше избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Таа доаѓа на местото на Иван Џолев, кој претходно стана судија во Апелациониот суд Скопје.

Димовска беше предлог на членката на Судскиот совет, Данка Ристова и беше избрана со 10 гласа „за„. Двајца од членовите на Советот беа против нејзиниот избор.

еМагазин разгледа каков имот пријавила до Антикорупциската комисија според податоци на mkopen.org.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Даниела Димовска, која е избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Каков имот пријавила

На свое име нема недвижен имот.

На име на сопругот пријавила стан во Скопје од 110 метри квадратни, кој е подарок, како и земјоделско земјиште.

На име на сопругот пријавила и возило “мицубиши“, акции, животно осугурување, а на свое благородни метали.

Животно осигурување пријавила и на име на децата и на свое име.

Според тогашните податоци на свое име имала и два кредит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иван Џолев избран за судија во Апелација

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести