За по 24 илјади денари месечно времено ќе се ангажираат 400 невработени лица за гасење на пожари, информираа денеска од Владата.
Како што објасни владината портпаролка Марија Митева, лицата кои пак ќе покажат интерес, посветеност и подготвеност ќе може трајно да бидат вработени во некои од надлежните институции.
Пријавувањето ќе се одвива преку оглас кој ќе го објават 14 општини, кои се опфатени со оваа мерка.
Во Скопје е предвидено да се ангажираат околу 100 лица, што ќе бидат распоредени во тимови за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и истите ќе поминат кратка обука, информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Најдобрите ќе бидат избрани за новата единица која е во тек на формирање, односно ќе биде Специјална единициа за заштита и спасување.
„Кандидатите треба да бидат психофизички здрави. Дополнително ќе утврдиме на кој начин ќе биде утврдена нивната физичка подготвеност. Оние со хронични болести, срцеви заболеува и проблеми со шеќерот не е добро да се пријават на овие огласи“, рече Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Македонија и фалат над 400 пожарникари
Фото: Игор Бансколиев