H&M на 17. јули ја отвара првата продавница во Тетово

Модниот меѓународен бренд Hennes & Mauritz AB (H&M) најави отварање на продавница во Тетово на 17. јули.

Оваа е четврта продавница на компанијата во Македонија, и прва надвор од Скопје, а истата ќе биде сместена во трговскиот центар Палма Мол.

Ќе се протега на 1.817 метри квадратни на два ката.

H&M е основана во Шведска во 1947 година. Покрај H&M, групацијата ги вклучува брендовите COS, Monki, Weekday и Other Stories, H&M Home и Arket и Sellpy.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести