Охриѓанец си ја убил сопругата и бебето во Швајцарија

Охриѓанец на возраст од 43 години во саботата во стан во швајцарскиот град Живисие си ја убил 30-годишната сопруга и нејзиното шестнеделно бебе, објавија швајцарските и македонските медиуми.

Се работи за лице со инцијали А.Т., кој таму бил со бугарски пасош.

Убиената жена е М.Т., македонска државјанка, а бебето е со инцијали Д.Т.

Како што објави швајцарски „20min.ch“ мажот наводно по убиствата се обидел да се самоубие, при што се здобил со полесни повреди. Бил приведен на лице место и бил префлен во болница.

Според швајцарските медиуми тој го признал убиството, а тамошното Обвинителство отворило истрага за убиство со умисла.

Двојното убиство го потврдија и од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести