Игор Мерџаноски нов директор на ТОАРИЛУЦ

Нов директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е докторот Игор Мерџаноски.

Тој доаѓа на местото на докторката Марија Срцева.

Мерџаноски е роден во 1971 година во Гостивар, а според неговата биографија, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје каде што завршил и специјализација по општа хирургија.

Тој е супспецијалист по трауматологија.

Работел на Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје и низ клиники во Германија, Австрија и Турција.

Поседува и лиценца за судско-медицинско вештачење.

Фото: Фејсбук/Мерџаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести