Денеска во Македонија активни седум пожари

Утринава во Македонија се активни седум пожари, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Чучер Сандево, меѓу селата Блаце и Горњани, во Општина Прилеп, кај селото Бешиште, во Општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево и Локвица и кај селото Крапа, во Општина Дојран, кај селото Николиќ, во Општина Чашка, кај Солунска Глава и во Општина Тетово, кај бензиската пумпа „Окта петрол“.

Под контрола се ставени четири пожари и тоа во Македонски Брод на три локации и во Делчево на градската депонија Острец.

Изгаснати се пожарите во Општината Шуто Оризари во селото Визбегово, во општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Студеничани, Струмица, Василево, Велес, Кавадарци, Карбинци, на три локации, Делчево, на две локации, Кочани, на две локации, Куманово, Крива Паланка, на три локации, Желино, Тетово, на две локации, Гостивар, Прилеп и Долнени.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести