Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека денеска во Македонија има шест активни пожари.
Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во селото Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп, кај селото Бешиште, на местото викано Бешишки Рид, крак према селото Градешница и друг према границата со Грција, каде гори мешана шума, крак кон селото Дрен, а делот помеѓу Царевиќ и Смолани е под контрола, гори мешана шума и ниска вегетација, во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа, каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во Општина Штип, меѓу селата Драгоево и Селце, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева и во Општина Желино, помеѓу селата Церово и Групчин, каде гори нискостеблеста и деградирана шума.
Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде гори мешана шума и сува трева, кај селото Латово, каде гори ниска вегетација и деградирана шума и во Општина Карбинци, кај селото Јунузлија, каде гори шума.
Фото: АРМ