Владимир Блажев-Панчо од ДНК, кој беше повреден во пожарот во Кочани, се уште е на лекување во болницата „Систина“.
Водителката и инфлуенсерка, Миа Костова за подкастот „Претрес со Ландов“ вели дека неговата физичка состојба се подобрува, а за неговата психолошка состојба со него работел поголем тим од психолози и психијатри.
Таа очекува тој наскоро да излезе од болница.
Блажев имал изгореници на рацете, а извесно време бил и во кома.
За трагедијата и загинатите колеги од ДНК во дискотеката „Пулс“ дознал после неколку денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запрена постапката за Панчо од ДНК за пожарот во Кочани
Фото: Фејсбук/ДНК