За влез во ЕУ наместо 7, ќе се плаќа по 20 евра

По бројни одложувања, нова најава за старт на Системот за влез/излез (EES) на Европската унија (ЕУ). Тој според моменталните најави треба да стартува на 12. октомври годинава.

Станува збор за автоматизиран ИТ систем за регистрација на државјани од земји кои не се членки на ЕУ, кои патуваат во ЕУ за краток период.

Автоматизираниот систем ќе бара од лицата кои живеат од надвор од Унијата да ги регистрираат своите биометриски податоцивклучувајќи скенирање на отпечатоци од прсти и снимање слики од лицето, плус други податоци како што се име, детали за пасошот и информации за влез, пред да патуваат во земјите од Шенген-зоната.

Системот треба да биде целосно функционален до 10. април 2026 година на сите граници на ЕУ.

Во периодот октомври-декември треба да стартува и Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ETIAS), што значи дека лицата кои живеат надвор од ЕУ ќе треба да аплицираат за електронско овластување.

Цената на ETIAS првично беше утврдена на 7 евра, а сега таа е зголемена на 20 евра.

Документот ќе важи три години или додека не истече пасошот и дозволува неограничени краткорочни престои (90 дена во кој било период од 180 дена).

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести