Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп со драстично зголемување на добивката во првото полугодие

Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 19,9 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Во истиот период лани Друштвото имаше добивка од 4,1 милиони денари.

-Во тековната 2025 во однос на истиот период 2024 година има намалување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци.

Вкупните приходи во 2025 година се намалени за 2,5%, додека вкупните расходи бележат намалување од 4,1%.

Намалувањето кај вкупните приходи најмногу се должи на приходите од заработената премија кои изнесуваат околу 75,37% од вкупните приходи.

Брутополисираната премија во вториот квартал од 2025 година бележи пад од 5,9%, односно 73,3 милиони денари, најголем дел како резултат на намалувањето во автоодговорност од околу 60 милиони или 12%, заради пренасочување на каналите на продажба.

Најголем пораст на премијата имаме кај осигурувањата од несреќен случај и тоа околу 35% односно 33.6 милиони.

Најголемо движење кај вкупните расходи бележат трошоците од бруто настанати штети или зголемување од 21% или во апсолутен износ 93,9 милиони денари.

Настанатите нето штети бележат намалување од 1,7% или во апсолутен износ 5,7 милиони денари како резултат на намалување на бруто резерви за штети како и бруто резерви за штети – дел за реосигурување.

Дополнително има зголемување кај трошоците вредносно усогласување на побарувањата по премија или во апсолутен износ од 28,2 милиони денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промени кај функциите на членовите на НО на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп

Договор од 2,4 милиони евра склучи ЕСМ со Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп

Фото: Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести