Аутомакедонија АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила нето добивка по оданочување во износ од 23 милиони денари, што претставува 52% зголемување во однос на истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Зголемувањето на нето добивката во 2024 година се должи на следните ставки: зголемени приходи од продажба за 7% , а од друга страна намалени трошоци за оперативно работење за 3% во однос на 2024 година, зголемени останати приходи со реализирање на продажба на деловен објект, кој не е во функција на дејноста, намалени трошоци за вработени поради правно издвојување на вработените во сервисните центри во нов правен субјект Аутомакедонија Сервис ДООЕЛ, кој отпочна со оперативна активност во март 2025.
Горенаведеното резултира во оперативна добивка од 21 милиони денари, зголемување за 111% во однос на истиот период 2024 година.
Финансиските приходи се намалени за 52% како резултат на помали приходи од дивиденди од поврзани друштва.
Финансиските расходи се намалени за 31% како резултат на намалување на краткорочните кредити, што резултира со добивка пред оданочување од 22,8 милиони денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ