Жито Лукс со намалена добивка во првото полугодие

Жито Лукс АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка пред оданочување од 5,7 милиони денари, што претставува помал резултат за 9,3 милиони денари во однос на истиот период минатата година, информираа од таму преку Македонската берза.

-Оперативната добивка е пониска за 7,7 милиони денари во однос на истиот период од 2024 година. Бруто добивката изнесува 186,3 милиони денари, при што Друштвото реализираше бруто маржа од 31,4%.

Вкупните приходи од продажба бележат благ пораст од 1% споредбено со известувачкиот период од минатата година.

Обемот на продажби на главните категории производи, специјален и тост леб бележи пораст за 5,5%.

Останатите оперативни приходи, во износ од 8,96 милиони денари, се зголемени за 3,1 милиони денари во споредба со истиот период минатата година.

Трошоците на продадени производи се зголемени за 7% во однос на првото полугодие од 2024 година.

Главен придонес кон повисоки производни трошоци имаат цените на основните инпути: пченицата која бележи зголемување во просек од 7%, цените на енергенсите кои пораснаа за 27%, како и за 10% повисоките трошоци за вработени.

Фиксната компонента на трошоците исто така бележи пораст, како резултат на повисока депрецијација за 31%, поврзана со обемните инвестиции во опрема во последните две години.

Оперативните трошоци се намалени за 4% и главно произлегуваат од намалени трошоци за рекламирање како поддршка на процесот на ребрендирање од минатата година, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести