Две куќи изгореа во Ново Лисиче, а дел од пожарот зафатил и трета, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г. (57)“, велат од МВР.
Фото: Unsplash