Затвореник од затворот Идризово, починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска (02.08.2025) во 01:20 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив за укажување помош од КПД Затвор Идризово бил донесен затвореникот С.Д., но поради тешката здравствена состојба, тој починал во 03:07 часот,“ велат од МВР.
За случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено за обдукција.
Фото: МЗ