Наместо извештаи, влечевме опрема со километри: Новинарите револтирани од односот на полицијата за прославата на Илинден во Крушево

Новинарите по кој знае кој пат се соочија со лоша организација, кога станува збор за нивен пристап до местото од кое што треба да известуваат за одреден настан. Вчера, тоа се случи на Мечкин Камен во Крушево, за прославата на Илинден.

„Сакам јавно да го изразам својот револт од начинот на кој беа третирани медиумите и новинарите на Мечкин Камен во Крушево за Илинден. Полицијата не ни дозволи да се искачиме со возила до местото на настанот, со образложение дека паркингот е резервиран за делегациите. Наместо да подготвуваме извештаи, ние планинаревме и влечкавме тешка опрема со километри низ коријата.

Не е првпат, ама денешниот однос беше врв на непочитување. Секоја година истата приказна, нема предвидено простор за новинарите, нема место за камерите, ограничено движење, нема основни услови за работа.

Ги потсетувам тие што седат по кабинетите и организираат вакви манифестации, ако новинарите не го проследат настанот, исто како да не се ни случил.

И уште нешто, полицијата која обезбедува вакви настани треба да разбере дека ние не сме непријатели на државата, само си ја работиме нашата работа. Денес ни ја отежнавте до крајност,“ напиша на својот Фејсбук-профил новинарката Емилија Мисирлиевски, на чиј што статус со свои забелешки реагираа и други колеги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На потценувањето на новинарите мора да му се стави крај, апелираат од ССНМ

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести