За една година цените на угостителските услуги пораснале за 5%

Од Државниот завод за статистика денеска информираа дека цените на угостителските услуги во јули 2025 година се зголемени за 0.5% во однос на претходниот месец.

Цените на угостителските услуги во јули 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, сe зголемени пак за 5%.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 5.3%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.6%. 

Цените во угостителството, по групи, во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, се зголемени за:
0.4 % кај Храна, 1.6 % кај Алкохолни пијалаци, 0.9 % кај Безалкохолни пијалаци и 0.2 % кај Ноќевања.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести