Во скопскиот Клинички центар ќе има 4 различни цени за паркирање

За паркирање во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје ќе има четири различни цени, најави вчера министерот за здравство Азир Алиу.

Онколошките пациенти, како и сега, нема да плаќаат ништо, за пациентите, како и за вработените ќе има различни цени, а најскап ќе биде за граѓаните кои доаѓаат од разни други причини.

Моментално 1 час паркирање на клиниките чини 30 денари.

Тој најави и дека двојно ќе се зголеми бројот на паркинг места, а ќе бидат отворени и дополнителни влезови. Клиниките ќе добијат смарт паркинг, кој ќе биде целосно дигитализиран и ќе го следи возилото од влез до излез.

За реализација на овие најави Министерството за здравство и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ деновиве ќе потпишат нов договор. Претходниот е истечен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести