Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности, велат од Стоматолошката комора, откако Министерството за здравство го презеде лиценцирањето на стоматолози

Денеска на прес-конференција реагираа од Стоматолошката комора, откако пред неколку дена Министерството за здравство го презеде лиценцирањето на стоматолози, поради сомнежи за злоупотреба, како што информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство го презема лиценцирањето на стоматолози од Стоматолошката комора поради сомнежи за злоупотреби

Претседателот на Комората, Маријан Денковски меѓудругото рече дека имале неколку контроли и дека не биле констатирани неправилности.

– Доколку има неправилности, Комората секако ќе ги вложи сите напори да се исправат. Исто така, сакаме да посочиме дека во меѓувреме, во наведениот период, за работењето на Комората се направени неколку надзори и контроли од страна на Министерството за здравство, ДСЗИ, Управата за јавни приходи, разни државни инспекторати и агенции и сл. и согласно записниците од направените надзори и контроли кои ги поседува Комората, нема утврдени неправилности во кој било сегмент во работењето на Комората, па ниту во делот на јавните овластувања кои се доделени со закон, рече тој.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести