Расте бројот на граѓани и фирми кои и должат на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници за август, а неа има 2.051 должници – правни лица (повеќе за 46 од претходната листа) и 3.992 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 12.728.077.665 денари, (повеќе за 38.111.524 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.566.974.850 денари, (повеќе за 77.001.971 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 161.102.815 денари (повеќе за 38.890.447 од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите должници на УЈП за август

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести