Директорката на училиштето во Демир Хисар отиде во полиција, ама не го направи разговорот, утре ќе треба да оди пак

Како и што најави пред неколку денови нејзинот адвокат Жарко Стеваноски, денеска заедно со него на информативен разговор во ОВР Демир Капија се јави директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на училиштето во Демир Хисар ќе оди на информативен разговор, со нејзиниот адвокат ќе бараат да се констатира и кој провалил во училиштето

Но, како што пренесе телевизијата Телма, информативниот разговор не бил извршен и утре таа пак ќе треба да оди во полиција.

Стеваноски по излегувањето од полицијата за телевизијата изјави дека полициски службеник кој исто така бил вечерта пред домот на директорката, кога се вршеше претрес во нејзиниот дом и автомобил, а началник сакаше да ја води во полиција на носилка, ги прашал кој ги поканил на информативен разговор.

Според адвокатот од полициски службеник директорката телефонски била повикани денеска на разговор.

Двајцата како што претходно беше најавено, во полицијата, планираа да го отворат и прашањето кој обил во училиштето, дента кога имаше претрес и кај директорката, која пред неколку дена е разрешена и училиштето веќе има в.д. директорка, но Лозановска е се уште директорка, оти не го примила решението, бидејќи беше на боледување.

-Еден час траеше дебатата околу тоа дали треба да има разговор. Побаравме да поднесеме и пријава, бидејќи од началникот на ОВР Демир Хисар бевме информирани на денот на претресот дека било обиено во училиштето од страна на новата директорка, комисиски.

Извадивме и тековна состојба од Централниот регистар, која претставува лична карта на училиштето. Во неа се уште овластено лице е Маја Лозановска, па со оглед на тоа денеска пријавивме и кривично дело самовластие до МВР, од каде побаравме нивно присуство, да дојдат во училиштето во службените простории, со цел да видат дали постапиле соодветно по наредбата која беше издадена, која тие ја бараа за претрес, со цел да видат каде се печатите. 

Одбија да дојдат со нас и не упатија ако има некаков проблем да сме се јавеле, вели адвокатот за Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен, внатрешната контрола утврдила непрофесионалност во постапувањето

(Видео) Директорка на училиште во Демир Хисар сакаа да ја водат на информативен разговор на носилка, под истрага е началникот кој го бараше тоа

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести