И малолетници од 15 и 17 години се уапсени за престрелката во Тетово, во кое беше убиено едно, а беа повредени четири лица

Меѓу уапсените лица за вооружената престрелка во Тетово, во која едно лице беше убиено, а четворица се повредени, помеѓу кои и малолетничка и случаен минувач, се уапсени и двајца малолетници на возраст од 15 и 17 години, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.

Од таму велат дека за престрелката освен двајцата малолетници, кои се од тетовското село Гајре, се уапсени и две женски лица, А.М. (41) и Е.М. (19), од истото село.

За престрелката бил извршен претрес на повеќе локации во Гајре, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.

Двајцата малолетници денеска беа изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца уапсени за престрелката во Тетово во која едно лице загина, а четворица се повредени

Едно лице убиено во престрелка во Тетово, неколку повредени, меѓу кои и малолетничка и случаен минувач

Во каква здравствена состојба се повредените од престрелката во Тетово, во која загина и едно лице

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести