Верувале или не: Скопјанец фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода во Вардар за да гасне пожар

Скопјанец на возраст од 55 години е уапсен вчера оти фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода во Вардар за да гасне пожар.

Се работи за лицето И.А., а како што информираа од Министерството за внатрешни работи, тој ќе добие кривична пријава заради загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Кривичното дело го направил минатата недела додека полициски хеликоптер приоѓал кон вливот на реката Лепенец во Вардар за да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце. Тој влегол во плиткиот дел на коритото на Вардар, мавтал со рацете и фрлал со камења кон воздухопловот Белл 412.

Пилотите биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што им била загрозена безбедноста.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести